Марсеј прифати, на потег е Реми

Претседателот на францускиот тим октри дека дал дозвола за трансфер на Лоик Реми да преговара со Њукасл околу трансфер во овој англиски премиерлигаш.
Претседателот на Марсеј, Венсан Лабурн изјави дека францускиот тим постигнал договор со Њукасл околу трансфер на францускиот напаѓач Лоик Реми.
„Точно е дека постигнавме договор со екипата на Њукасл. Поради тоа му дадовме на Реми дозвола да се договори со нив околу условите за трансферот во премиерлигата“ изјави Лабурн.
Дека трансферот е близу до реализација потврди и соиграчот на Реми, Џое Бартон на својот твитер профил каде му посака среќа на својот клубски другар во клубот за кој Бартон некогаш настапуваше.
Челниците на Њукасл за сега одбија да коментираат околу можниот трансфер на Реми како и твит-објавата на Џое Бартон.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Претседателот на францускиот тим октри дека дал дозвола за трансфер на Лоик Реми да преговара со Њукасл околу трансфер

Пронајдете не на следниве мрежи: