Трагедија во Бугарија: На познатиот рокер му се слоши, падна и почина на сцената!

Бугарскиот музичар Кирил Маричков ненадејно почина на сцената во петокот вечерта, јави БНТ. Маричков беше фронтмен, басист, пејач и композитор на бугарскиот рок бенд Штурците.Кирил Маричков падна од бината за време на настапот и удри со глава, па се уште не е јасно дали имал срцев удар или само доживеал несреќа на сцената. Инцидентот се случил околу 18 часот и 45 минути. Бугарската рок легенда на 30 октомври ќе наполнеше 80 години.Поради трагедијата концертот бил прекинат, а полицијата го блокирала теренот. Неговото семејство вели дека тој секогаш сакал да си замине вака, додека бил на сцена.Брзата помош пристигнала за 7 минути, а според информациите Маричков починал при реанимација.Првите чекори на Кирил Маричков во музичкиот свет беа со бендот Бандарацита, во кој свиреше на бас гитара.Во 1967 година, откако „Бандарарците“ се распаднаа, Маричков и тапанарот Петар Цанков го основаа „Штурците“. Кирил Маричков го постигна својот најголем успех како музичар и изведувач со групата „Штурците“, која стана легенда на бугарскиот рок.„Штурцити“ се смета за една од највлијателните бугарски рок групи во 20 век.

Пронајдете не на следниве мрежи: