Баба (96) го откачи бившиот! Го остави без трошка каење – ова беа „црвените знамиња“

Иако оваа жена веќе има 96 години, без никакво каење го оставила партнерот бидејќи верува дека тој заслужува подобро и повеќе. Таа со сите јавно ги сподели неговите „црвени знамиња“ и ги насмеа сите.Лилијан Дронијак (96), позната како баба Д, јавно ги откри сите „црвени знамиња“ кои довеле до раскинување со нејзиното момче.Лилијан, која јавно сподели видео од нејзиното поранешно момче  каде се вљубени, сепак, како што вели, на сите убави работи им доаѓа крајот.Оваа пензионерка решила да ја прекине врската и јавно ги кажала причините зошто. Баба си го дувна „дечкото“ View this post on Instagram A post shared by Grandma Droniak (@grandma_droniak)-Никогаш не ми вели да молчам, тоа е моето правило –  рекла бабата и додала дека бившиот, во хороскопот Лав, бил лош возач, што за малку ќе ја чинеше живот.– Нема повеќе да влезам во кола со него – цврсто рече таа.Сепак, тоа не е се. На разочарувањето му додадоа и неговиот лош вкус за музика и тоа што не знаеше која е Тејлор Свифт.-Пребирлив е кога е во прашање храната, никаде не можев да го одведам – ​​додала, а особено внимавала на неговата блискост со бившата партнерка, како и на тоа што никогаш не и рекол дека изгледа добро.– Секогаш изгледам добро –  самоуверено изјавила таа.По раскинувањето, Лилијан објави видео на кое гордо ја покажува својата облека по раскинувањето, со наслов:„ Сезоната на раскинување започна! Да се ​​биде сингл е многу подобро. Никогаш не сум изгледала подобро !Иако раскинувањето можеби беше болно, баба Д не жали – таа сега ужива во својата слобода.

Пронајдете не на следниве мрежи: