Горат социјалните мрежи поради Хари и Меган! Веднаш по веста за Кејт, тие направија една работа и го налутија светот

Новиот потег на Меган Маркл и принцот Хари налути многумина.Кејт Мидлтон , принцезата од Велс и сопруга на принцот Вилијам, во понеделникот ја изненади јавноста објавувајќи дека завршила хемотерапија. На почетокот на годината на принцезата и беше дијагностициран рак, за што во март ја информираше јавноста и објави дека се повлекува од кралските должности за да се посвети на лекување.Во емотивната објава на Инстаграм, Кејт сега најави враќање на своите кралски должности.Принцезата од Велс рече дека моментално прави се што може за да го остави ракот зад себе и додаде дека последните девет месеци биле „непредвидливи и ужасни“ за нејзиното семејство.Само неколку часа подоцна, беше објавен тизер за новиот деловен потфат на принцот Хари и Меган Маркл .Станува збор за документарниот серијал „Поло“, снимен за Нетфликс и Арчевел продукција. Серијата ги следи елитните поло играчи и открива детали од зад сцената.Овој тајминг предизвика јавна осуда и бројни негативни коментари, бидејќи фановите на британското кралско семејство сметаат дека Хари и Меган се обиделе да го свртат вниманието кон себе и да ја искористат ситуацијата во која целиот свет е фокусиран на закрепнувањето на Кејт Мидлтон.Коментари како:– Го објавивте ова веднаш по објавата на принцезата Кејт, кутриот вие.– Дали навистина мислеа дека нешто толку досадно како поло може да ја надмине Кејт Мидлтон?– Ова веќе не може да биде случајност. Колку мизерно.

Пронајдете не на следниве мрежи: