Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров изјави дека не знае како новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, има намера да ја реши кризата во Украина, но во Москва со нетрпение чекаат да го слушнат неговиот предлог. Не можам да замислам како Трамп ќе ја реши кризата, но да ги почекаме неговите предлози. Постојано нагласивме дека секој политичар кој вели дека е за мир, а не за војна заслужува внимание, рече Лавров, пренесува Тасс.Во овој момент не знаеме што ќе биде предложено, а нашиот став беше јасно формулиран од претседателот Владимир Путин на 14 јуни годинава, додаде тој.
Пронајдете не на следниве мрежи: