Хорор во Амстердам: По само осум минути прекин на натпреварот од Лигата на нации, на легендата му се слоши и падна!

Шокантни сцени беа сведоци на гледачите во арената Јохан Кројф во Амстердам оваа сабота.

Натпреварот од групата 3 од Лигата на нации А меѓу Холандија и Унгарија беше прекинат во осмата минута бидејќи му се слоши на Адам Салаи, помошник на унгарскиот селектор Марко Роси.

Салаи е легендарен унгарски напаѓач, за нивната репрезентација настапил 86 пати и постигнал 26 гола. Пред еден месец тој стана член на стручниот штаб на Унгарија.

Се струполи на подот и почна да се тресе, објави унгарски Телекс за овој немил настан.

Откако се случи ова, судијата веднаш штом бил информиран ја прекинал играта. Несреќниот Салаи почна да добива лекарска помош и сето тоа траеше, а на никого на стадионот, од играчите до членовите на стручниот штаб до навивачите, не му беше лесно да набљудува што се случува.

Пронајдете не на следниве мрежи: