Зеленски на првата линија на фронтот, „Истокот не е целосно окупиран од Русија“

Володимир Зеленски денеска се појави на прва линија на фронтот поточно на 8 километри од источниот град Покровск кој украинската армија го брани од руските војници.

Во пораката со видеото, Зеленски го опиша бојното поле во областа како „интензивно“, додавајќи: „Само благодарение на силите на војниците, истокот не е целосно окупиран од Русија. Непријателот добива одговор секој ден. Им благодариме на војниците за нивната храброст“.

Пронајдете не на следниве мрежи: