Каматни стапки, инфлација и геополитика: Дали доларот може да ја врати силата од пред две години и какво е влијанието на Трамп?

Каматни стапки, инфлација и геополитика: Дали доларот може да ја врати силата од пред две години и какво е влијанието на Трамп?Доларот ќе биде силен уште долго време пред сè поради плановите на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп да воведе високи царини, изјавија стратезите на американската банкарска корпорација Голдман Сакс.Американската валута расте од крајот на септември, што имаше ефект на корекција на долгогодишната позиција на њујоршката банка дека доларот постепено ќе паѓа од својот врв, објави Блумберг.– Веќе не очекуваме пообемна депрецијација на доларот, бидејќи тој ќе биде посилен подолг период – напиша тимот на Голдман.Предвидувањата на банката за изминатите две години беа дека американската валута ќе падне од највисоките нивоа, но тоа беше спречено со растот на доларот за 2,4 отсто од изборите на 5 ноември.Блумберг забележува дека американската валута ја заврши седмата недела по ред на раст, што е најдолг период од февруари и е реакција на изборот на Трамп за претседател и неговите планови да го зајакне доларот и да воведе повисоки буџетски приходи.Колку и да се во паника стратезите за доларот, нивните прогнози сè уште го гледаат под нивото од 2022 година.

Пронајдете не на следниве мрежи: