Маја Беровиќ и Буба Корели се расправаат со години, а сега се чини дека на повидок е нивното помирување.Имено, раперот реши да ја „пушти топката“ и ги лајкна двете видеа на Маја Беровиќ на социјалната мрежа Инстаграм.Инаку, драмата меѓу музичарите започна кога три песни на Маја Беровиќ беа отстранети од YouTube каналот Империја, кој е во сопственост на Амар Хоџиќ и Јасмин Фазлиќ, попознати по уметничките имиња Буба Корели и Џала Брат.Причината за отстранувањето е наводна кражба на авторски права за песните „Балмаин“ од 2017 година и „Сама“ и „ВИП“ од 2018 година.За овие три песни Беровиќ наводно им платил на Буба и Џала вкупно 30.000 евра мислејќи дека тие се автори на композициите и текстовите, но се чини дека не е сè баш така.Имено, автори од странство се побуниле, и наводно поднеле тужби, бидејќи тврдат дека во тие песни биле користени нивните мелодии кои многу порано биле објавени на таа платформа.
Пронајдете не на следниве мрежи: