Хороскопските знаци кои се најлоши придружници

Планирањето на патување секогаш звучи возбудливо, но придружниците понекогаш може да донесат неочекувани предизвици. Некои хороскопски знаци, и покрај нивната природна харизма и шарм, можат на патот да покажат особини кои ги прават тешки придружници. Според ѕвездите, луѓето родени во овие знаци најчесто внесуваат хаос во авантурите за патување.БлизнациБлизнаците се забавни, комуникативни и секогаш подготвени за авантура… барем во теорија. Во пракса, тие се придружници кои ќе ве натераат да се запрашате каде завршува оваа спонтаност. Ако мислите дека имате план за патување, Близнаците ќе го променат за миг. Дали предложивте вечера во ресторан со поглед? Не, тие нашле „тајно место“ што треба да го посетите токму сега. Близнаците имаат тенденција да ги менуваат плановите без претходна најава, веднаш забораваат на договорениот распоред и одлучуваат дека токму сега е совршено време да ги истражат сите задни улички. Со нив секогаш сте на работ на непредвидливоста и на работ на нервите.РакРаковите се слатки, грижливи и лојални, но вистината е дека повеќе би сакале да се вратат дома штом почувствуваат и најмала непријатност. За нив секое патување е всушност долго чекање за да се вратат во безбедноста на нивниот дом. Ако хотелот е премногу ладен, премногу топол или ако перницата не е совршено удобна, Ракот ќе се пожали и тоа не само еднаш. Со нив секогаш ќе чувствувате одреден притисок се да биде како дома. Секое патување со Рак се претвора во експедиција која вклучува многу емотивни моменти, малку носталгија и вечното прашање: „Зошто не останавме само дома?“ДевицаДевиците се исклучително педантни и организирани, што во теорија звучи како сон на секој патник. Но, проблемот настанува кога таа организација ќе се претвори во опсесија. Девиците ќе поминуваат часови анализирајќи ги сите опции пред да заминат, ќе го истражуваат секој близок ресторан, ќе го оценуваат квалитетот на секој музеј, па дури и ќе предлагаат „подобри“ рути до туристичките атракции. Иако ја ценат рутината, Девиците за време на патувањето постојано ќе ве потсетуваат на сè што „допрва треба да видиме“ или како „вака не е точно она што го пишува на Интернет“. Кога патувате со нив, морате да го следите планот без никаков простор за отстапување.

Пронајдете не на следниве мрежи: