Амбасадата на САД во Киев ги предупредува граѓаните на САД да бидат претпазливи во следните неколку недели.САД привремено ја затвораат амбасадата во Киев откако добиле, како што велат, „конкретни информации за потенцијален воздушен напад на 20 ноември“. Информацијата е објавена на профилот на амбасадата на социјалната мрежа Икс каде на граѓаните на САД им се препорачува да бидат подготвени веднаш да се засолнат во случај да биде објавена воздушна тревога.„Од претпазливост амбасадата ќе биде затворена, а на вработените во амбасадата им е наложено да се евакуираат. Амбасадата на САД препорачува американските граѓани да бидат подготвени веднаш да се евакуираат во случај да биде издадена воздушна тревога“, се вели во соопштението.Во предупредувањето се наведува граѓаните да ги следат локалните медиуми за навремени информации, да ги идентификуваат локациите на засолништата пред секое воздушно предупредување и веднаш да се засолнат доколку се објави воздушна тревога, како и да ги следат упатствата на украинските официјални лица за прва помош во случај на вонредна состојба.„Постојаните руски напади насочени кон цивилната инфраструктура низ Украина може да резултираат со прекини на електрична енергија, на греењето и прекин на општинските услуги. Ракетните напади и паѓањето на остатоци ќе претставуваат ризици за безбедноста. Амбасадата на САД во Киев ги предупредува граѓаните на САД да бидат зголемени на претпазливост во следните неколку недели.Амбасадата на САД ги повикува американските граѓани во Украина да се подготват за можна привремена загуба на електрична енергија и вода со тоа што ќе имаат резерви на вода, храна и други неопходни работи, вклучително и доволно резерви на сите потребни лекови“, се додава во соопштението објавено на веб-страницата на амбасадата на САД во Киев.
Пронајдете не на следниве мрежи: