среда, 18 ноември 2026
Најново

Еве каде ќе биде погребан папата Франциско: Ватикан ги објави сите детали! Нема да се почитува старата традиција?

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Папата Франциско изјави дека кога ќе дојде време сака да биде погребан во едноставен дрвен ковчег.Во новиот церемонијален документ објавен денеска, Ватикан рече дека папата Франциско сака да ја избегне традицијата на закопување на папите во три поврзани ковчези направени од дрво чемпрес, даб и олово, а наместо тоа да бидат закопани во едноставен ковчег обложен со цинк.Папата, исто така, одлучи неговото тело да не биде изложено на подигнат столб во базиликата Свети Петар како што беше случајот со претходните папи, за посетителите да му оддадат почит, туку неговото тело да остане во ковчег со отворен капаг. Тој изрази желба да биде погребан во базиликата Света Марија Велика во Рим. Последниот папа кој бил погребан надвор од Ватикан бил папата Лав XIII, кој починал во 1903 година и бил погребан во базиликата Свети Јован Латеран.Папата Франциско, кој на 17 декември ќе наполни 88 години, неодамна имаше здравствени проблеми.Тој користи инвалидска количка поради болки во колената и грбот.

Поврзани вести