Украина за првпат истрела ракети „Олуја сенка“ од британско производство кон Русија, објавија повеќе британски медиуми, пренесува Анадолу.Нападот доаѓа еден ден по првото украинско користење на американските ракети со долг дострел ATACMS врз руска територија, по давањето зелено светло од страна на американскиот претседател Џо Бајден.Весникот „Гардијан“ претходно оваа недела објави дека Велика Британија наскоро ќе одобри употреба на ракетите „Олуја сенка“ за напад на цели на руска територија.Претходно, британскиот премиер Кир Стармер рече дека меѓународната заедница мора да ја „удвои“ поддршката за Украина.Рускиот претседател Владимир Путин вчера потпиша декрет за одобрување на ревидираната нуклеарна доктрина на Русија, речиси два месеци откако тој ги предложи промените.
Пронајдете не на следниве мрежи: