Утрово, според украинските и западните медиуми, Русија лансирала интерконтинентална балистичка ракета кон градот Днепар.Ова е, како што е наведено, првпат Русија да користи ваков тип ракети во војната во Украина.Интерконтинентална балистичка ракета ( ICBM ) е оружје со долг дострел што се лансира во вселената и потоа ослободува една или повеќе боеви глави кои повторно влегуваат во атмосферата и ги погодуваат своите цели.
BREAKING:Russia has launched a non-nuclear Intercontinental Ballistic Missile (ICBM) against Ukraine for the first time in this war.The missile struck the Ukrainian city of Dnipro pic.twitter.com/RCOX7M4qFo— Visegrád 24 (@visegrad24) November 21, 2024
ICBM се сметаат за проектили со минимален дострел од 5.500 километри, но некои верзии можат да поминат повеќе од 9.000 километри, според Центарот за контрола на оружјето и неширење.ICBM може да се лансираат од силоси или мобилни фрлачи и можат да користат цврсти или течни погони.Цврстите ракети се сметаат за поопасни бидејќи можат да се преместат и лансираат побрзо од течните ракети.Првата ракета ICBM беше лансирана во 1957 година од тогашниот Советски Сојуз, додека Соединетите Американски Држави лансираа своја во 1959 година.Потсетуваме, украинската армија соопшти дека рано утринава Русија за првпат лансирала интерконтинентална балистичка ракета кон Украина.
Local residents report strikes at the 105th assembly and testing building at the site located at the Kapustin Yar missile range in the Astrakhan region where from ICBM was launched today at Dnipro.Site No. 105 is designed for missile testing.Previously,Defense Forces attacked… pic.twitter.com/LIsdEc4N9t— Ukraine Front Line (@EuromaidanPR) November 21, 2024
„Киев пост“ наведува дека станува збор за значајна ескалација на нападите извршени од руските сили на украинска територија.
🇺🇦🇷🇺 𝗥𝘂𝘀𝘀𝗶𝗮 𝗿𝗲𝗽𝗼𝗿𝘁𝗲𝗱𝗹𝘆 𝗵𝗶𝘁 𝗨𝗸𝗿𝗮𝗶𝗻𝗲 𝘄𝗶𝘁𝗵 𝗜𝗖𝗕𝗠 The Air Forces of the Armed Forces of Ukraine said the attack, which included several other types of missiles, hit the city of Dnipro:”The assault included an ICBM launched from Russia’s Astrakhan… pic.twitter.com/SLQHXfC9Vg— The Global Beacon (@globalbeaconn) November 21, 2024
Се наведува дека тоа го потврдиле и воздухопловните сили на украинската армија, додавајќи дека во нападот биле користени и други проектили и дека целта била критична инфраструктура.– Помеѓу пет и седум часот наутро на 21 ноември, руските војници го нападнаа градот Днипро, погодувајќи бизниси и клучна инфраструктура. За време на нападот, беше лансирана интерконтинентална балистичка ракета од рускиот регион Астрахан, аеробалистичка ракета Кх-47М2 Кинжал беше истрелана од млазен авион МиГ-31К од регионот Тамбов, а седум крстосувачки ракети Кх-101 беа лансирани од бомбардери Ту-95МС во близина на регионот на Волгоград – изјавија од украинските воздухопловни сили.Покрај интерконтиненталните балистички ракети, кои имаат голем дострел, други видови балистички ракети вклучуваат:Ракети со среден дострел (IRBM), од 3.000 до 5.000 километриРакети со среден дострел (MRBM), помеѓу 1.000 и 3.000 километриРакети со краток дострел, со дострел помал од 1.000 километри