среда, 18 ноември 2026
Најново

Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на Нетанјаху и високи претставници на Израел и Хамас

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, поранешниот министер за одбрана Јоав Галант и високи функционери на Хамас.Соопштено е дека тие се обвинети за воени злосторства и злосторства против човештвото за војната во Газа и за нападите во октомври 2023 година што ја предизвикаа израелската офанзива на палестинските територии.По лидерот на Хамас, Мохамед Диаб Ибрахим ал-Масри, издадена е уште една потерница, пишува АП.Одлуката, наводно, ги прави Нетанјаху и другите меѓународно барани и веројатно дополнително ќе ги изолира и ќе ги комплицира напорите за преговори за прекин на огнот за да се стави крај на 13-месечниот конфликт.Но, практичните импликации на судот може да бидат ограничени бидејќи Израел не е членка и неколку функционери на Хамас се убиени во конфликтот.Инаку, Нетанјаху и другите израелски лидери ја осудија наредбата на државниот обвинител Карим Кан, нарекувајќи ја срамна и антисемитска.

Поврзани вести