Хрватскиот актер и шансониер Раде Шербеџија (78) заедно со својот оркестар ,,Златни колодвор” доаѓа во Скопје и ќе одржи концерт во Македонска Филхармонија.Настанот ќе се случува на први февруари наредната година, а влезниците по цена од 1.500 и 2.000 денари ќе бидат пуштени во продажба утре (четврток).Проектот со кој Шербеџија доаѓа во Скопје е со наслов ,,Због тебе, због себе, због других”, со репертоар во кој ќе ги има сите класици како „Не дај се Инес“, „Мени се душо од тебе не растаје“, „Чекај ме“, „Имам пјесму за тебе“ и многу други.Како што информираат од Авалон Продукција, кои стојат зад настанот, ќе се одржи само еден концерт.Освен по бројните филнмски улоги на поранешните Југословенски простори, но и ширум светот, тој е познат и по театарските претстави, но и по читањето поезија.Во 2014 година Шербеџија доби македонско државјанство и под неговата режисерска палка се сними филмот ,,Ослободувањето на Скопје”.
Пронајдете не на следниве мрежи: