Пристигнуваат понуди за Снајдер

Агентот на холандскиот интернационалец од редовите на Интер, Весли Снајдер, истакна дека на адреса на Интер секојдневно пристигнуваат понуди од страна на заинтересираните клубови.

Заборавен во својот клуб, Весли Снајдер секако дека не е заборавен и од страна на фудбалската јавност.

Една од најактрактивните трансфер-приказни оваа зима ќе биде секако евентуалниот трансфер на холандскиот фудбалер за кој, според зборовите на Сорено Лерби, владее огромен интерес.

По клубовите од Англија, во трка за Снајдер се приклучи и Галатасарај, а агентот на фудбалерот на Интер открива дека понуди само пристигнуваат.

„Секој ден различни клубови прашуваат за Снајдер, понуди има,, но во овој момент нема да зборувам ништо конкретно, не сакам да ширам гласини“ изјави агентот на Снајдер.

 

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: