,,Путин лично им додели азил на Асад и семејството” – Кремљ вели дека не планира да се сретне со него, Русија има други планови

Дмитриј Песков, портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, денеска изјави дека шефот на Кремљ лично ја донел одлуката да му даде азил на соборениот сириски претседател Башар ал Асад и неговото семејство.Ова го изјавил Песков на редовниот дневен брифинг со новинарите.„Се разбира, таквите одлуки не можат да се носат без шефот на државата. Тоа е негова одлука (рускиот претседател Владимир Путин)“, изјави портпаролот на Кремљ Дмитри Песков за новинарите во Москва.Се вели дека портпаролот на Кремљ не кажал кога последен пат се сретнале Путин и Асад.Песков рече дека не планираат да се сретнат во блиска иднина и нагласи дека Русија е подготвена да одржува контакти со „оние кои ќе бидат на власт во Сирија“.

Пронајдете не на следниве мрежи: