вторник, 17 ноември 2026
Најново

Тајмс оф Израел: ИДФ уништи бродови на сириската морнарица

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Израелските одбранбени сили (ИДФ) ги уништија сите бродови на сириската морнарица. Ова го објави Тајмс оф Израел, повикувајќи се на извори.

Уништени се многубројни бродови на сириската морнарица, вооружени со ракети море-море“, посочува порталот.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Целта на нападот беше да се спречи сириската морнарица да стигне до руските сили, непријателски настроени кон Израел.
На брифинг во Женева, специјалниот пратеник на генералниот секретар на ОН за Сирија, Геир Педерсен изрази загриженост за израелското бомбардирање на сириска територија.

„Има уште еден настан кој предизвикува загриженост. Гледаме движење на израелската армија и гранатирање на сириска територија. Многу е важно тоа да се запре“, рече тој.
Педерсен додаде дека не бил во контакт со израелските власти, но дека дијалогот меѓу Израел и ОН ќе се води во Њујорк.

Поврзани вести