Споменик на Пеле ќе му биде подигнат на ’Маракана’

Легендата на светскиот фудбал и според многумина најдобриот играч во историјата на фудбалот, Пеле, ќе добие споменик на стадионот ’Маракана’, кој во моментов се реновира и чие пуштање во употреба се очекува да се случи во април годинава.

Споменикот, ќе биде во природна големина и е инспириран од прославата на голот на фудбалскиот мајстор, на натпреварот со Чехословачка, постигнат во фазата по групи на Светското првенство во 1970 година.

Натпреварот со Чехословачка ’кариоките’ го добија со 4:1, подоцна на Мундијалот во 1970 година, чии домаќин беше Мексико, Бразил ја освои шампионската титула.

Пронајдете не на следниве мрежи: