Руската државна нафтена компанија Роснефт се согласи да испорачува речиси 500.000 барели сурова нафта дневно на индиската приватна рафинерија Reliance Industries, во најголемиот енергетски договор меѓу Русија и Индија во историјата, потврдија три извори запознаени со договорот, ексклузивно пренесува Ројтерс.Десетгодишниот договор, кој сочинува 0,5% од глобалното снабдување со нафта, се проценува на приближно 13 милијарди долари годишно според тековните цени. Договорот дополнително ги зајакнува енергетските врски меѓу Индија и Русија, која е под силни западни санкции поради инвазијата на Украина.Роснефт не одговори на барањата за коментар, додека Reliance соопшти дека работи со меѓународни добавувачи, вклучително и руски, базирајќи ги договорите на пазарните услови. Компанијата не даде дополнителни коментари поради доверливоста на договорот за набавка.Договорот доаѓа пред планираната посета на рускиот претседател Владимир Путин на Индија и откако новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп објави дека сака да ги охрабри Москва и Киев да ја прекинат војната што е можно побрзо кога ќе ја преземе функцијата во јануари.Руската нафта сочинува повеќе од една третина од увозот на енергија во Индија. Индија стана најголемиот увозник на руска нафта откако Европската унија, некогаш главен купувач, воведе санкции за увозот на руска нафта како одговор на инвазијата на Украина во 2022 година.Индиските рафинерии профитираа од поевтиното снабдување со руска нафта, која стана поевтина од конкурентните за најмалку 3 до 4 долари за барел поради санкциите.
Пронајдете не на следниве мрежи: