Франција, Велика Британија и Германија испратија писмо до Советот за безбедност на ОН во кое се споменува можната употреба на механизам за повторно воведување санкции кон Иран за да се спречи земјата да ја развие својата нуклеарна програма.„Париз, Лондон и Берлин остануваат посветени на дипломатско решение на иранското нуклеарно прашање“, се вели во писмото од 6 декември на трите европски земји, што денеска го виде агенцијата Франс прес.Трите земји ја повторија својата решеност да ги искористат сите дипломатски средства за да го спречат Иран да се здобие со нуклеарно оружје, вклучително и употребата на механизам што овозможува повторно воведување санкции кон Техеран.Во 2015 година, во Виена, Иран склучи договор со Франција, Германија, Велика Британија, Кина, Русија и САД за регулирање на нуклеарната програма. За возврат, текстот предвидуваше намалување на меѓународните санкции против Техеран.Сепак, во 2018 година, Доналд Трамп, тогашниот претседател на САД, еднострано ја повлече својата земја од договорот и повторно воведе тешки санкции кон Иран.Како одговор, Техеран ги зголеми резервите на збогатен ураниум на 60 отсто, додека 90 отсто се потребни за производство на атомско оружје.Иран го брани правото на нуклеарна енергија за цивилни цели, особено за енергетски цели и негира дека сака да набави атомска бомба, но западните земји се сомневаат во тоа.
Пронајдете не на следниве мрежи: