Момче (6) искасано од стотици пчели: По нападот паднало во кома, за влакно ја избегнало смртта

Шестгодишно момче од Бразил преживеало повеќе од 1.100 убоди од пчели откако било нападнато од рој инсекти на фарма во бразилската држава Мато Гросо до Сул, објави британски Мирор.Според извештаите на локалните медиуми, во нападот на пчелите во средата бил повреден и очувот на момчето.По нападот, момчето паднало во кома и итно било префрлено во блиската болница, каде било интубирано, но во меѓувреме му била отстранета механичката вентилација.Токсикологот Сандро Бенитез, од бразилскиот Центар за интегриран токсиколошки надзор, истакна дека е неопходен брз третман за жртвата да го преживее нападот.“Нормално, повеќе од 100 убоди може да бидат фатални за дете. Повеќе од 500 убоди може да бидат фатални за возрасен. Така ова дете, благодарение на брзата интервенција, грижата и напредната поддршка, успеа да преживее и покрај повеќе од 1.100 убоди од пчели.” – објасни Бенитез.

Пронајдете не на следниве мрежи: