Уште три лица поднесоа тужби за сексуален напад против Шон Комбс, попознат како Паф Деди обвинувајќи го дека ги дрогирал, а потоа ги силувал. Инцидентите, наводно, се случиле најдоцна во 2022 година.Новите тужби, првпат пријавени од TMZ, беа поднесени одделно преку адвокат во Њујорк од анонимните тужители.Во тужбите се наведува дека тужителите присуствувале на забавите организирани од Комбс, од кои две се одржувале во хотели, а третата во неговата палата во Хемптон. Наводно Комбс им служел алкохолни пијалоци, по што брзо изгубиле свест и се разбудиле за време на силувањето.Комбс ги отфрли сите обвиненија и се изјасни за невин. Неговите адвокати изјавија за TMZ дека трите нови тужби се „полни со лаги “ .– Ќе докажеме дека обвинувањата се невистинити и ќе бараме санкции против секој неетички адвокат кој поднел измислени тврдења против него – рече тој.Слична шема во сите три нападиСпоред NBC News, сите тужители се мажи и во судските документи се идентификувани како Џон До. Нападите опишани во тужбите се случија помеѓу 2019 и 2022 година.Еден од обвинителите тврди дека нападот бил снимен, по што човекот кој управувал со камерата му дал 2.500 долари во кеш.Во друг случај, еден човек тврди дека соработниците на Комбс му се заканувале да молчи. NBC News известува дека трет тужител тврди дека во летото 2020 година, „соработниците“ на Комбс го однеле од Bad Boy Records на неговиот имот во Ист Хемптон.На забавата мажот почнал да се чувствува лошо и изгубил свест. Според тужбата, Комбс и неговите соработници потоа сексуално го нападнале и силувале.Адвокатот на тужителите, Томас Џуфра, њујоршки адвокат кој е специјализиран за случаи на злоупотреба, изјави за Гардијан дека трите одделни тужби опишале „шокантно слична шема“.– Комбс ги дрогираше луѓето, тие се будеа додека тој ги силуваше а потоа брзо беа исфрлени од просториите, добивајќи закани од луѓе кои работат кај господин Комбс и заплашувани да молчат – изјави Џуфра.Џуфра додаде дека примил околу 60 повици во врска со случаите против Комбс и дека „тоа се трите тужби што засега ги поднесуваме“.Само капка во океанотНовите обвиненија го зголемуваат товарот на Комбс, кој е во притвор во Метрополитен поправниот центар во Бруклин од септември под обвинение за заговор за рекетирање, трговија за сексуална експлоатација и организирање проституција. Против него веќе се поднесени повеќе од дваесетина граѓански тужби од мажи и жени кои тврдат дека ги малтретирал.Минатиот месец, њујоршки судија по трет пат негираше кауција на Комбс, опишувајќи го како „сериозна закана“ за манипулација со сведоци.
Пронајдете не на следниве мрежи: