Биткоинот има нов рекорд

Водечката светска криптовалута биткоин утринава достигна рекордно високо ниво и за прв пат надмина 105.000 долари во азиската трговија.

Вредноста на биткоинот достигна 105.142 долари, а неговата вредност се зголемува откако Доналд Трамп победи на претседателските избори во ноември во САД, кој вети дека биткоинот ќе го направи стратешки резервен фонд, објави Ројтерс.

Аналитичарот на IG Australia Market, Тони Сајкамор, изјави дека следната вредност на биткоинот што ќе ја бара пазарот е 110.000 долари, пренесува Танјуг.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.