Германскиот парламент му изгласа недоверба на германскиот канцелар Олаф Шолц.По гласањето, 207 пратеници беа за Шолц, 394 беа против, а 116 беа воздржани.Овој исход од гласањето го отвора патот за одржување на вонредни избори во февруари 2025 година, кои треба да ја извлечат Германија од политичката криза.Пред пратениците да ја изгласаат довербата на канцеларот, расправата во Бундестагот траеше повеќе од три часа.Слободните демократи ја напуштија владејачката коалиција минатиот месец, а Социјалдемократите и Зелените на Шолц сега владеат без парламентарно мнозинство.Шолц и министрите во владата ќе останат на своите позиции како вршител до формирањето на новата влада, што може да потрае со месеци доколку има долготрајни преговори за формирање на владејачка коалиција по парламентарните избори.
Пронајдете не на следниве мрежи: