За првпат, Русија почна да ги користи севернокорејските војници во значителен број за да изврши напади врз украинските сили кои се борат да ја задржат територијата заземена во руската област Курск.Британскиот весник „Гардијан“ пишува дека тоа го соопштил украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето синоќешно редовно дневно обраќање.– Денеска веќе собравме прелиминарни податоци дека Русите почнале да користат севернокорејски војници во нивните напади. Тие имаат значителен број од нив – рече Зеленски.
Russia: North Korean soldiers cross an open field on the frontline in Kursk region as Ukrainian drone operators watch on in disbelief. pic.twitter.com/Vk86JO01Vj— BlueSkyDreams (@RigedElection) December 14, 2024
Тој рече дека „севернокорејските војници се користат во комбинираните руски единици и засега само на Курскиот фронт“.
#Kursk sanitary zone…It`s claimed that large scale #NorthKorean infantry assault noted near Kremyanoe…What is obvious, it`s looks different from regular #ruSSian assaults… Loc:51.380597, 35.156992#Ukraine #UkraineruSSiaWar #ruSSia #NorthKorea pic.twitter.com/WNxqt8uVvt— Kiborgz (@Kiborgzzz) December 14, 2024
– Имаме информации кои укажуваат дека нивната употреба би можела да се прошири и на други делови од фронтот – изјави Зеленски.
🇰🇵🇺🇦 – North Koreans troops used for the first time in the Kursk region. pic.twitter.com/hyEB8C2dNE— ꑭ Eternal Muscovite ✙△ (@EternalMuscovit) December 14, 2024
Гардијан наведува дека војниците од земјата со која управува севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун се уште не влегле во борби на украинска територија, но дека веќе претрпеле „значителни“ загуби.