Остатоци од голем број човечки тела се откриени во магацин за лекови во областа Сејиде Зејнеп во Дамаск, главниот град на Сирија.По соборувањето на режимот на Баас, во Сирија продолжуваат да се откриваат масовни гробници и човечки трупови.Остатоците на повеќе од 20 луѓе, меѓу кои и деца, се пронајдени во магацин во областа Сејиде Зејнеп во Дамаск.Екипите на цивилната одбрана пристигнаа на местото на настанот и започнаа истрага. Членот на Одборот за цивилна одбрана Амар Селмо за АА изјави дека започнале истрага во магацинот за лекови во регионот Сејиде Зејнеп.„Ова место изгледа како магацин за лекови, но внатре најдовме ладилник. Во магацинот забележавме простор во кој се складирани распаднати трупови и скелети. Нашите тимови се обидуваат да ги документираат телата. Ги собираме скелетите и се обидуваме да го утврдиме бројот на жртвите“, изјави Селмо.Истакнувајќи дека подоцна ќе биде направена ДНК-анализа на откриените тела, Селмо продолжи со зборовите:„Ова е областа Сејиде Зејнеп. Пред да падне режимот, оваа област беше седиште на иранските милиции. Замислете, милиција во локално место и тука ги чува телата. Не знаеме што им правеле на овие лица. Не знаеме каде биле приведени, како се убиени.“
Пронајдете не на следниве мрежи: