Три лица се избодени со нож денеска во продавница во Осло , објави норвешкиот весник VG. Две лица се префрлени во болница во тешка состојба.
Норвешката полиција соопшти дека веќе нема никаква опасност за јавноста, но не прецизираше дали напаѓачот е уапсен.
Продавницата во која се случи нападот соопшти дека еден од нивните работници е повреден со нож.



