Бројот на загинати по терористичкиот напад на божиќниот пазар во Магдебург се искачи на пет, соопшти премиерот на Саксонија-Анхалт, Рајнер Хаселоф.Повредени се повеќе од 200 луѓе, од кои многумина се со тешки и сериозни повреди, изјави премиерот во Магдебург.Германскиот Шпигел го идентификува Талеб А., за кого наведува дека е симпатизер на екстремно десничарската германска партија Алтернатива за Германија. Весникот не го наведува изворот на оваа информација.Тој дошол во Германија во 2006 година и оттогаш живеел во Бернбург, на околу 50 километри јужно од Магдебург.Осомничениот, кој има дозвола за постојан престој, доби статус на бегалец во Германија во 2016 година, наведувајќи го стравот за неговата безбедност поради неговите атеистички ставови и критиките на исламот.Тој беше активен на социјалните мрежи, каде често споделуваше радикални ставови и изјави, повикувајќи на одмазда кон Германија и нејзините институции.Во една од објавите што ги објави вчера на Xx, тој напиша дека ја смета Германија за одговорна за убиството на Сократ и тврди дека германската полиција е „криминалци“ кои прогонуваат луѓе како него.Во јуни, на истата платформа, тој изнесе тврдења дека германската полиција го охрабрува исламизмот во земјата, обвинувајќи ги властите за намерно уништување на животите на бегалците.Тој во неколку постови предвиде сериозна одмазда кон Германија и најави можни терористички акции.Во текот на изминатите неколку години, напаѓачот стана познат во одредени радикални кругови, делувајќи како еден од најагресивните критичари на исламизмот.
Во интервју во 2019 година, тој тврдеше дека е атеист и побара азил во Германија поради прогон во Саудиска Арабија.Според неговите публикации, тој верувал дека Германија е одговорна за ширењето на исламизмот во Европа.Неговите објави во кои се најавува одмазда, вклучително и повици за насилство, сега се под истрага, при што експертите ги анализираат можните врски помеѓу неговите радикални ставови и нападот во Магдебург.
Пронајдете не на следниве мрежи: