Аријана Гранде (31) и Итан Слејтер (32) се појавија на 7 јануари на Националниот одбор за рецензија награди. Сепак, она што најмногу привлече внимание е нејзиниот драматично променет изглед.Аријана Гранде ги надмина сите во пастелно розов сатенски фустан дизајниран по нарачка со отворен грб и четвртаст крој што ја истакна нејзината половина. Фустанот, елегантно исечен, допираше веднаш над белите чевли со заоблени врвови , а стајлингот го заокружи со розова сатенска марама.Нејзината руса коса беше врзана во високо опавче со препознатливи странични шишки, додека нејзината шминка во розев тон одлично се совпаѓаше со комбинацијата – светкава сенка за очи и длабок розов сјај за усни. За накит таа носеше дијамантски обетки, ѓердан и два прстени, од кои едниот беше во розова боја.Слејтер беше во црн сатенски костум и бела кошула, едноставна, но софистицирана, која одлично го надополнуваше изгледот на Аријана. Тие двајца го прославија успехот на филмот „Wicked“ и признанијата што ги добија таа вечер – Аријана како Глинда добрата вештерка, пренесува „ People “.Аријана ослабе многуПокрај гламурот на вечерта, многумина не можеа а да не забележат колку Гранде се промени физички. Нејзината трансформација предизвика различни реакции – ослабе многу, косата сега е платинесто руса, а тенот и изгледа посветол од порано.И додека фановите и јавноста се грижат за нејзиното здравје, Аријана инсистира дека никогаш не била поздрава.– Кога мислевте дека сум добро, тогаш навистина не бев – изјави неодамна во едно интервју, нагласувајќи дека сега се грижи за себе повеќе од кога било досега.Нивната љубовна приказна започна за време на снимањето на „Wicked“ кон крајот на 2022 година, а јавноста дозна за нивната врска дури во јули 2023 година, откако и двајцата раскинаа со претходните партнери. И покрај тоа што останаа надвор од центарот на вниманието во поголемиот дел од 2024 година, парот повремено се појавуваше заедно додека го промовираа филмот, а нивната меѓусебна поддршка беше очигледна и на социјалните мрежи.
Пронајдете не на следниве мрежи: