Му побарал автограм, а потоа ладнокрвно го убил: Бил обожавател на Џон Ленон, па поради бизарна причина брутално му пресудил пред неговиот праг (фото)

На 8 декември 1980 година, светот го загуби Џон Ленон, еден од највлијателните музичари на 20 век и член на легендарната група Битлси. Ленон беше убиен пред неговата зграда во Њујорк на 41-годишна возраст околу 22:50 часот. Неговиот убиец Марк Дејвид Чепмен (69) бил негов обожавател кој го планирал злосторството со месеци. Таа вечер Ленон и неговата сопруга Јоко Оно (91) се враќале дома по снимањето.Кога стигнале пред неговата зграда, Чепмен испукал пет куршуми од својот револвер. Четири куршуми го погодиле Ленон во грбот и рамото. Интересно е што истиот ден Чепмен побарал од Ленон автограм на албумот „Double Fantasy“, што музичарот го направил без двоумење.Последните моментиПо пукањето, тешко ранетиот Ленон успеал да влезе во фоајето на зградата и наводно ги изговорил последните зборови: „Застрелан сум“. Брза помош го пренела во болницата Рузвелт, каде во 23:15 часот била констатирана смрт.Веста за неговата смрт прв ја објави спортскиот коментатор Хауард Косел за време на пренос на натпревар од НФЛ, шокирајќи милиони луѓе ширум светот. Мотивот на убиецотМарк Дејвид Чепмен, тогаш 25-годишен невработен чувар од Хаваи, останал на местото на злосторството читајќи ја книгата „The Catcher in the Rye“. Чепмен подоцна призна дека го планирал убиството со месеци, тврдејќи дека бил разочаран од коментарот на Ленон од 1966 година дека „Битлси се попопуларни од Исус“. Тој, исто така, сметаше дека начинот на живот на Ленон не е во согласност со неговите пораки за мир.Чепмен беше осуден на 20 години до доживотен затвор. И покрај повеќекратните барања за помилување, до сега 12 пати му била ускратена слободата, пренесува Net.hr.

Пронајдете не на следниве мрежи: