Адебајор во КПР

Англиските медиуми пренесуваат дека Андре Вилаш Боаш е спремен на да ги разгледа понудите за својот напаѓач, Емануел Адебајор.

Иако само пред неколку месеци го реализираше својот трансфер од Манчестер Сити во Тотенхем и потпиша договор со овој тим, за кој во минатото настапуваше како позајмен фудбалер, Емануел Адебајор уште во јануари би можел да си замине од екипата на Тотенхем.

Андре-Вилаш Боаш во тековната сезона не смета сериозно на Емануел Адебајор кој постигна само два гола до сега, англиските медиуми шпекулираат дека Боаш е спремен да го пушти фудбалерот кој го префрли Џермејн Дефо на клупата.

Заинтересиран за услугите на Адебајор е поранешниот тренер на Тотенхем, Хари Реднап, кој сака засилувања за својот тим кој се бори за опстанок во Премиер Лигата.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: