Скопјанец зел кредит на туѓа сметка, доби кривична пријава

Полицијата поднесе кривична пријава против Т.А.(63) од Скопје, кој е осомничен за измама.

Пријавениот лажно се претставил и преку социјална мрежа стапил во контакт со лице од Берово.

„Под изговор дека на неговата сметка ќе му бидат испратени пари, пријавениот од лицето побарал и добил податоци од банкарската сметка и лична карта, по што подигнал кредит од финансиско друштво на име на оштетениот“, велат од полицијата.

Пронајдете не на следниве мрежи: