Здравко Чолиќ, легендарниот пејач со повеќе од четири децении кариера, неодамна беше специјален гостин на свадбата на синот на белградски бизнисмен, а за брзо време станаа познати барањата што ги има за настап на оваа луксузна манифестација, јавуваат српските медиуми.Иако е познато дека Чола ретко настапува на приватни забави, овојпат направил исклучок, а неговиот настап беше вистинска атракција за сите присутни.Според извори блиски до настанот, Чолиќ имал неколку специфични услови кои младенците и нивните гости со задоволство ги исполнувале.Бината мораше да се подигне од подот за гостите да не му се приближат премногу додека пее, а тој побара и да не се нарачуваат песни и да се избегнуваат фотографии со гостите. Овие услови брзо биле договорени, а Чола побарал хонорар од 45.000 евра за 45-минутен настап, што веднаш било прифатено, бидејќи младенците ја обожаваат неговата музика, пишуваат српските медиуми.За свадбен танц Здравко Чолиќ ја извел песната „Тебе чувам за крај“, а подоцна ги воодушевил сите присутни со големиот хит „Ти си ми у крви“.Неговиот настап предизвикал емоции кај гостите, а откако заврши, Чолиќ во придружба на обезбедувањето го напушти ресторанот.Овој настап, иако редок, уште еднаш докажа зошто Чолиќ се уште важи за еден од најомилените и најбараните пејачи на Балканот.
Пронајдете не на следниве мрежи:



