Десет знаци дека сте во врска или брак со емотивно зрел партнер

Љубовните врски не се секогаш лесни, но кога сте со емотивно зрела личност, многу проблеми полесно се решаваат, а врската станува стабилна, поддржувачка и исполнувачка. Емоционалната зрелост не значи совршенство, сите понекогаш грешиме, се чувствуваме фрустрирани или несигурни. Но, клучната разлика е како некој одговара на овие предизвици и колку е способен да изгради здрава врска.Подолу се дадени неколку знаци кои покажуваат дека сте во врска со емотивно зрел партнер.Отворена и искрена комуникацијаЕмоционално зрелата личност не избегнува да зборува за тешки теми и не користи манипулација или молчење како алатка. Ако партнерот искрено ги изразува своите чувства, активно слуша и сака да најде решенија наместо да ги фрла проблемите под тепих, тоа е знак на емоционална зрелост.Презема одговорност за своите постапкиНикој не е совршен, но разликата помеѓу зрела и незрела личност е способноста да ги препознае сопствените грешки. Емоционално зрелиот партнер не ја префрла вината на вас или на други луѓе, но е подготвен да признае кога не е во право и да работи на себе. Тогаш знаете дека имате некој до вас кој е способен за здрава врска.Покажува емпатија и разбирањеЗрелата личност знае дека љубовта не е само за сопствените потреби, туку и за разбирање на чувствата на другата страна. Таквиот партнер покажува сочувство, се обидува да разбере како се чувствувате и искрено се грижи за вашата благосостојба. Ова е силен знак на емоционална зрелост.Знае како да се справи со емоциите без да ги драматизираСите понекогаш чувствуваме лутина, тага или фрустрација, но емотивно зрелата личност знае како да ги контролира своите реакции. Ако вашиот партнер не реагира бурно на секое несогласување, не создава драма за тривијални работи и не се обидува да ве повреди во расправија, тоа е добар знак за емоционална стабилност.Ги почитува вашите границиВо здрава врска и двајцата треба да имаат простор за себе, за своите интереси и за личните граници. Емоционално зрелата личност нема да го „гуши“ партнерот, да го контролира или да бара од него да се прилагоди на сите нивни желби, туку ќе ги почитува потребите на партнерот и ќе го поддржува во нивниот личен раст.Не се плаши од посветеност и планирање за иднинатаЗрелата личност е свесна дека сериозна врска бара труд и не бега од одговорност. Ако вашиот партнер отворено зборува за иднината, покажува доследност во своите постапки и не дава нејасни ветувања кои никогаш не ги исполнува, тоа значи дека се грижи за врската и сака да ја изгради на здрави темели.Има реални очекувања од врскатаЗрелата личност не очекува бајка или совршенство, свесни е дека понекогаш се случуваат несогласувања во секоја врска, но знаат како да ги решат. Зрелиот партнер не драматизира помали проблеми, не ја идеализира врската, но е подготвен заеднички да ја гради врската.Ги поддржува целите и соништата на партнеротВо здрава врска, партнерите не се задржуваат меѓусебно, туку се охрабруваат и инспирираат. Ако партнерот искрено верува во својата поубава половина, се радува на сите успеси и го охрабрува партнерот во тешки моменти, ова е еден од најважните знаци на емоционална зрелост.Заедно ги решавате проблемите, наместо да бегате од нивКонфликтите се нормален дел од секоја врска, но емотивно зрелата личност нема да ги игнорира или да ја префрли одговорноста врз вас. Наместо тоа, таа ќе биде подготвена да го слуша партнерот, да разговара и да најде решение што ќе им одговара на двајцата.Со оваа личност се чувствувате безбедно и саканоНа крајот на денот, најважниот знак за емотивната зрелост на вашиот партнер е начинот на кој се чувствувате во врската. Ако се чувствувате безбедно, сакано, ценето и поддржано, голема е веројатноста дека сте со личност која знае што значи вистинска љубов и здрава емотивна врска.

Пронајдете не на следниве мрежи: