Жените и мажите често грешат кога проценуваат што е привлечно за спротивниот пол

Новото истражување покажа дека и жените и мажите често погрешно го проценуваат она што спротивниот пол го смета за привлечно.Изразените црти на лицето, особено вилиците, често се опишуваат како машки. Деликатните црти на лицето и пополните усни се дефинирани како женски. Сепак, дали е тоа навистина вистина?Мажите мислеа дека жените претпочитаат повеќе мажествени лица отколку што всушност беа, а жените беа убедени дека мажите претпочитаат понежни лица. Овие мислења произлегуваат од воспоставените стандарди за убавина, според New York Post .Употребата на филтри и вештачка интелигенција дополнително го влоши овој проблем. Значи, секој се фокусира на идеализирани верзии на убавина кои не го одразуваат она што другите сакаат да го видат.Исто така, откриено е дека неточните претпоставки за привлечноста дополнително се влошуваат со сликата за себе на луѓето.Резултатите од истражувањето, кое беше спроведено во Велика Британија, беа објавени во стручното списание PLOS One .Кога станува збор за привлечноста, сепак најважно е да се има предвид дека голема улога во тоа имаат самодовербата, љубезноста, психолошките особини итн.

Пронајдете не на следниве мрежи: