Трамп откри што му напишал Зеленски во писмото: „Пристигна денес“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави вечерва, за време на неговото обраќање во Конгресот, дека добил писмо од Украина „пред извесно време“ од претседателот Володимир Зеленски .Според Трамп, во писмото се наведува дека Украина е подготвена „да седне на преговарачка маса што е можно поскоро за да се доближи траен мир“.Трамп рече дека во писмото, меѓу другото, се вели: „Мојот тим и јас сме подготвени да работиме под силното водство на претседателот Трамп за да постигнеме мир што ќе трае. Навистина цениме колку Америка направи за да и помогне на Украина да го зачува својот суверенитет и независност“.Зеленски наводно пишувал и за договорот за минерали и изјавил дека е подготвен да го потпише.„Во однос на договорот за минерали и безбедност, Украина е подготвена да го потпише во секое време погодно за вас“, напиша Зеленски, според Трамп.Трамп и Зеленски требаше да потпишат договор за минерали во Белата куќа во петокот, но украинскиот лидер ја напушти средбата по жестока расправија.Трамп вечерва изјави дека е благодарен за писмото на Зеленски, додавајќи дека „истовремено тие водат сериозни разговори со Русија и добиваат силни сигнали дека се подготвени за мир“.

Пронајдете не на следниве мрежи: