Лукашенко: Ако Русија и Америка постигнат договор, Европа и Украина ќе се соочат со катастрофа

Рѕскиот претседател Владимир Путин и белорускиот претседател Александар Лукашенко одржаа заедничка прес-конференција по билатералната средба во Москва.Белорускиот претседател Александар Лукашенко на прес-конференција по средбата со рускиот претседател Владимир Путин на 13 март во Москва изјави дека Белорусија и Русија се во првите редови во борбата за праведен светски поредок, пренесува БелТА.„Благодарение на конзистентната, урамнотежена и одговорна надворешна политика, Белорусија и Русија денес се во првите редови на борбата за праведен светски поредок. Тоа го правиме многу години. Нашите земји можат и треба да бидат пример за партнерите како да ги решат денешните сложени проблеми, да ги зачуваат и заштитат заедничките вредности и да обезбедат взаемна помош во остварувањето на националните интереси врз принципите на еднаквост и почитување“, рече Лукашенко.Лукашенко ја коментираше и новата перспектива на соработка меѓу Русија и САД, која се отвори со враќањето на Доналд Трамп на раководството на Америка.„Ако Русија постигне договор со САД, тоа ќе биде катастрофа за Европа и Украина“, рече Лукашенко. 

Пронајдете не на следниве мрежи:

©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.