Руските власти им кажале на своите американски колеги дека не сакаат американскиот претставник за Русија и Украина, Кит Келог , да учествува во клучните преговори за ставање крај на војната во Украина , изјави американски функционер и друг извор запознаен со ситуацијата, пренесува Ројтерс.Келог беше отсутен од неколку состаноци на високо ниво во последните недели, вклучително и разговорите во Саудиска Арабија во февруари и март, во кои беа вклучени американскиот советник за национална безбедност Мајк Волц и државниот секретар Марко Рубио, како и украинска делегација.Не е јасно дали отсуството на Келог е директно поврзано со барањето на Русија, ниту кога тоа барање било поднесено.Иако САД официјално не го прифатија руското барање, Келог не присуствуваше на последниот состанок во Саудиска Арабија, туку го испрати својот висок помошник Ели Роснер.Портпаролот на Советот за национална безбедност Џејмс Хјуит рече дека Келог продолжува да игра клучна улога во напорите да се стави крај на војната во Украина.„Претседателот (на Соединетите Американски Држави) Доналд Трамп ги користи талентите на неколку високи претставници на администрацијата за да помогне да се постигне мирно решавање на војната во Украина“, изјави синоќа Хјуит.За време на состанокот во Саудиска Арабија претходно оваа недела, САД и Украина постигнаа начелен договор за 30-дневен прекин на огнот.Рускиот претседател Владимир Путин рече дека се согласува со предлогот, но дека треба да се допрецизира.Келог, пензиониран генерал-полковник, претходно беше поостар на руската страна на војната – јавно го критикуваше нападот врз украинските градови за време на Божиќ, нарекувајќи го „погрешен чин“ на тој верски празник.Сепак, Келог постојано ги поддржува позициите на Трамп за војната во Украина, вклучително и неодамнешната одлука за привремено прекинување на размената на разузнавачки информации со Киев, посочува агенцијата.Келог претходно служеше како шеф на кабинетот на Советот за национална безбедност за време на првиот мандат на Трамп и како советник за национална безбедност на тогашниот потпретседател Мајк Пенс.Во февруари, тој се состана со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Киев и одржа серија состаноци со лидерите на НАТО ширум Европа.
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.