Буфон: Одлична година!

Џанлуиџи Буфон е задоволен од изминатата 2012 година, и тој и Јуве се вратија на самиот врв, сега очекувањата се уште поголеми.

Џанлуиџи Буфон изјави дека 2012 беше одлична.

„Никој не очекуваше но мислам дека се вратив заедно со Јувентус на самиот врв. Го подигнав трофејот како капитен во СуперКупот, претходно ја освоив титулата. Летото играв финале со Италија на Европското Првенство“ потсетува еден од најдобрите голмани во светот.

„Дури сега тргнуваат оние вистинските работи, очекувањата се големи, од моја страна ќе направам се да Јувентус ќе продолжи по овој пат“ порача Буфон.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: