петок, 27 ноември 2026
Најново

Почит на загинатите во Кочани оддадена со едночасовен молк во Скопје

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Попладнево, во Градскиот парк во Скопје, се собраа стотина млади лица за да искажат почит на жртвите од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, при што загинаа 59 лица и околу 200 беа повредени. „Студентски пленум“ беше организатор на настанот, а граѓаните почнаа да пристигнуваат околу 16 часот. Едночасовниот молк започна симболично во 16:59 часот. Насобраните не даваа никакви изјави за медиумите пред почетокот на молкот.

Поврзани вести