Овен се враќа во „Ла Лига“

Со оглед на фактот дека одигра еден натпревар од доаѓањето во Стоук, и дека добри спомени го врзуваат со Реал Мадрид, би можеле да го натераат Мајкл Овен да размисли околу понудата која Еспањол планира да ја испрати.

Мајкл Овен од доаѓањето во Стоук добива плата тренирајќи за тој клуб, додека пак тренерот Тони Пулис ретко го користи на натпреварите.

Се чини дека екипата на Еспањол во ова гледа добра прилика да го придобие поранешниот англиски репрезентативец во своите редови во текот на јануарскиот преоден трансфер период.

Еспањол нема финансиска можност да го откупи договорот на Овен, но овој тим ќе се обиде да го доведе англискиот напаѓач на позајмица.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: