Алба: Лесно е да се игра во Барса

Левиот бек на екипата на Барселона призна дека не му е многу тешко да на секој натпревар го дава својот максимум бидејќи е опкружен со соиграчи кои се светска класа.

По првата полусезона која ја одигра во дресот на екипата на Барселона, поранешниот фудбалер на Валенсија, Жорди Алба, ги сведе своите впечатоци.

Алба призна дека не е тешко да се игра на големо ниво во тим каков што е Барселона.

„Лесно е да играте во Барселона кога имате ваков квалитетен тим. Годината која е во заминување за мене беше одлична и би бил неблагодарен доколку се пожалам“ изјави Алба.

Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.

Пронајдете не на следниве мрежи: