Во првите 3 месеци од 2025 година се затвориле илјада фирми во Македонија, објави „Телма“ повикувајќи се на податоци од Централниот регистар.
Најмногу се затворале фирми од секторот трговија на мало и големо, но и од преработувачката индустрија. Затворени се и фирми од стручна научна и техничка дејност, сервисни дејности со храна и услужни дејности.



