Microsoft најави новини за Windows 11

Microsoft неодамна претстави нови Surface уреди, а истовремено објави и бројни надградби кои на корисниците ќе им бидат достапни на Windows 11 во претстојните месеци. Овие ажурирања се главно насочени кон подобрување на постојните функции со цел подобрување на искуството на користење на Windows 11. Како што може да се очекува, голем дел од новините се поврзани со вештачката интелигенција.
Во својата објава насловена „Претставување на новата генерација на Windows искуства“, Microsoft ја дели информацијата за новините кои се апликабилни само за Copilot+ компјутерите, како и за оние кои ќе бидат достапни за сите корисници на Windows 11. Една од позначајните новости за Copilot+ компјутерите е интеграцијата на AI агентот во апликацијата за Settings. Корисниците ќе можат директно во пребарувачот да бараат помош за промени или проблеми, додека Windows ќе им понуди конкретни решенија. Ако корисникот му овозможи пристап на агентот да ги менува опциите на компјутерот, потребната промена може веднаш да биде извршена од Windows.
Примерите кои ги споделува Microsoft вклучуваат прашања како „стрелката на глувчето е многу мала“ или „како да го контролирам компјутерот со глас“, а Windows ќе прикаже и копче со кое директно се прави потребната промена. Click to Do функцијата сега дозволува да се праша Copilot за избраните елементи, како текст или слики. Подобрувања се навестени и за Photos, Paint и Snipping Tool, каде е истакнато додавањето на три извори на светлина во Paint и автоматското селектирање на објекти во Snipping Tool.
Друга значајна најава е новото Старт мени, каде Microsoft потврдува дека ќе може да ги прикажува сите апликации на главната страница, а ќе има интеграција и со Phone Link апликацијата. File Explorer исто така добива AI интеграција, која вклучува можности за директно сумирање содржини во документи и едитирање на слики.
Една од поинтересните новини е поврзана со Copilot, која ја овозможува асистентот пристап до екранот. Ова значи дека корисниците можат да прашаат за содржината која ја гледаат во даден момент и да добијат помош. Microsoft споделува пример каде се користи слика во Photoshop и се бара совет од Copilot за подобрување на нејзиниот изглед. Copilot не само што дава насоки, туку покажува каде се лоцирани алатките кои предлага да се употребат за измената.
Сите детали од објавата на Microsoft се достапни на нивниот официјален линк.
The post Microsoft најави новини за Windows 11 appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: