Драмски театар Скопје гостува на фестивалот РУТА во Сараево со претставата „Гидионовиот јазол“

Во петок, на 16 мај, Драмски театар ќе има настап во Сараево, Босна и Херцеговина со претставата „Гидионовиот јазол“. Овој настан е дел од босанскохерцеговското издание на регионалниот театарски фестивал РУТА, кој се организира од Камерни театар 55 и се одвива од 12 до 17 мај. По премиерата на 9 мај, ова ќе биде петтата изведба на „Гидионовиот јазол“ и првото интернационално гостување. По завршувањето на претставата, ќе се одржи тркалезна маса со актерите и уметничкиот тим, достапна за новинарите и театарската публика.
„Гидионовиот јазол“ е претстава режисирана од Драгана Милошевски Попова, изведена по текстот на Џона Адамс. Драматургијата ја потпишува Викторија Рангелова – Петровска, со инспициент Гоце Бојчев и суфлер Жаклина Цветковска. Улогите ги толкуваат Биљана Драгиќевиќ Пројковска, Ања Митиќ и децата од Студиото за актерска игра „Прва проба“: Саша Димитриевска, Леа Стојков, Мина Ѓаку, Ина Прокоповска, Катја Бешлиева, Бистра Стефановска, Јана Нешевска, Матеј Марковски и Јоанис Далајоргос.
Во програмската белешка, режисерката Драгана Милошевски Попова наведува дека темите на претставата „Гидионовиот јазол“ се фокусираат на вината, одговорноста, тагата и предизвиците во комуникацијата, истражувајќи го образовниот систем и потешкотиите со кои се соочуваат децата. По трагедијата што ги наоѓа на средбата меѓу мајката Корин и наставничката Хедер, во исклучително емотивен и деликатен дијалог се поставуваат прашања за детската креативност и слободата на изразување, улогата на наставниците и родителите, влијанието на социјалните мрежи, врсничкото насилство и осаменост. Преку овие теми, се откриваат длабоки болки и одговорностите.
Американската авторка Џона Адамс, позната по своите силно нијансирани карактери и сложени психолошки ситуации, е дипломец на Универзитетот „ДеПаул“ и има магистратура од „Хунтер“ во Њујорк. Нејзини најистакнати дела вклучуваат „Гидионовиот јазол“, „Светски градители“, „Без милост“ и трилогијата „Ангел јадач“. Таа ја добила наградата „Стинберг“ од Друштвото на американските театарски критичари за „Гидионовиот јазол“.
Следните изведби на „Гидионовиот јазол“ се закажани во Драмски театар на 23 и 31 мај.
The post Драмски театар Скопје гостува на фестивалот РУТА во Сараево со претставата „Гидионовиот јазол“ appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: