Амбасадата на Македонија во Тирана Во македонскиот Културно информативен центар во Тирана, вчеравечер се одржа книжевна вечер со поетесата, преведувач и антрополог Наташа Сарџоска. Наташа е автор чија дела се преведени на повеќе од 25 јазици, вклучувајќи го и албанскиот. Преку интервју и разговор со публиката, таа го пренесе блесокот на македонската литература, соопшти Амбасада на РСМ. На настанот присуствуваше и вршителот на должноста амбасадор Љуфтим Спахиу, а водителка на интервјуто со писателката беше директорката на КИЦ Тирана – Ема Попивода. Наташа исто така прочита и дел од својата поезија на македонски јазик. Со интензивна емоција, која ја трогна публиката, познатата уметница Наташа Бега прочита превод на нејзината поезија на албански јазик.
The post Литературен настан со Наташа Сарџоска во Македонскиот КИЦ во Тирана appeared first on 365.mk.


