Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, утре (петок, 16 мај 2025 година) во 19:00 часот ќе одржи говор на свеченото отворање на македонскиот Културно-информативен центар во Белград, Србија. Програмата, под името „Ајде, слушај, слушај…“, вклучува изведби на македонски чалгиски и етно-музички композиции во современи аранжмани. Во делот посветен на ликовната уметност ќе бидат изложени дела на 25 уметници од Друштвото на ликовни уметници Македонци во Србија (ДЛУМС).
The post Откривање на новиот Македонски културен центар во Белград appeared first on 365.mk.


