Мексикански воен брод удри во Бруклинскиот мост, најмалку 2 мртви и 19 повредени

Најмалку две лица загинаа кога едрилицата на мексиканската морнарица „Куаутемок“ се урна во Бруклинскиот мост, соопшти градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс.„Од 277 лица на бродот, 19 беа повредени, двајца се уште се во критична состојба, а двајца за жал починаа од повредите“, напиша Адамс на платформата X.
Earlier tonight, the Mexican Navy tall ship Cuauhtémoc lost power and crashed into the Brooklyn Bridge.At this time, of the 277 on board, 19 sustained injuries, 2 of which remain in critical condition, and 2 more have sadly passed away from their injuries. pic.twitter.com/mlaCX0X8Mh— Mayor Eric Adams (@NYCMayor) May 18, 2025
Како што потврди полициски извор за Си-Ен-Ен, мртвите паднале од еден од јарболите на бродот. Тие биле префрлени во блиската болница, каде што била прогласена за мртва.Видео што кружи на социјалните мрежи ги прикажува високите јарболи на едриличарот Куаутемок како се заглавуваат на мостот додека бродот минува под познатата структура.Делови од јарболот паднаа на палубата. Според властите, повредите се случиле бидејќи некои членови на екипажот биле на јарболите во моментот на ударот. Бројни поморски кадети облечени во бели униформи можеа да се видат како стојат на палубата.
🇺🇸🇲🇽 | ÚLTIMA HORA — Suben a 35 los heridos, 16 de ellos graves, tras el choque del buque Cuauhtémoc de la Armada mexicana contra el puente de Brooklyn. pic.twitter.com/tVnVWoijxq— UHN Plus (@UHN_Plus) May 18, 2025
Околностите на настанотНа бродот имало повеќе од 200 луѓе, а тој пристигнал во Њујорк како дел од пријателска посета. Локалните медиуми објавија дека бродот наводно останал без струја пред судирот.На прес-конференцијата предводена од градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс, властите објавија дека никој не завршил во водата. Градоначалникот додаде дека Бруклинскиот мост не претрпел поголеми штети.Американската крајбрежна стража соопшти дека бродот ги изгубил врвовите на два јарбола, но дека сите членови на екипажот се пронајдени. Повредените биле пренесени во болница.Мексиканската морнарица потврди дека бродот е оштетен и дека инцидентот се истражува.Причина за несреќатаШефот на оперативното одделение на полицијата во Њујорк изјави дека верува оти судирот со еден од столбовите е предизвикан од „механички проблеми“ и прекин на електричната енергија.Мексиканската морнарица соопшти дека 22 лица се повредени, од кои тројца потешко, додека градоначалникот на Њујорк изјави дека четири лица се тешко повредени.Луѓето што го набљудувале движењето на бродот избегале од работ на брегот кога јарболите удриле во мостот.За бродотСпоред мексиканската морнарица, бродот е долг 90,5 метри и широк 12 метри. Првпат пловел во 1982 година.Плови секоја година на крајот од часовите во поморското училиште како последен дел од обуката на кадетите.Оваа година, бродот исплови од мексиканското пристаниште Акапулко на 6 април со 277 лица на него, објави морнарицата. Крајната дестинација требаше да биде Исланд.

Пронајдете не на следниве мрежи: